| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ ќе ја забрани флашираната вода

Европската унија планира да ги смени своите правилници за квалитетот на водата со цел за да ги спречи можните опасности по здравјето и да го ограничи пластичниот отпад.

Планот е ЕУ да ги одврати луѓето од желбата да пијат флаширана вода.

Европската комисија соопшти дека новите правила ќе ги обврзат 28-те земји членки на ЕУ да го подобрат пристапот до водата и подобро да ги информирраат граѓаните за квалитетот на водат, без разлика дали е водата од чешма или од шише, пренесува АП.

ЕК наведува дека овој потег ќе ја зголеми довербата во локалните водоводи и ќе ги одвикне луѓето да пијат вода од шише, бидејќи пластичните шишиња за вода се најбројните пластични предмети за еднократна употреба на европските плажи.

Цената на водата од чешма изнесува околу 0,2 евра по литар, што е многу поевтино од водата во шише, а потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс изјави дека ако луѓето знаат што е поевтино за нив, а со тоа го ризикуваат своето здравје, може да направат поинаков избор.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top