| четврток, 6 декември 2018 |

Ахмети очекува решение кое ќе биде прифатливо за двете страни

Медијаторот на Обединетите нации во спорот за името, Метју Нимиц, по средбата со Али Ахмети рече дека очекува брзо решение и дека средбата со Ахмети била конструктивна. Тој, исто така, истакна дека сега е вистиско време да се реши деценискиот спор.

Ахмети по средбата изјави дека пред Нимиц ги презентирал ставовите и мислењата на ДУИ во врска со преговорите и решението за спорот со името. Тој истакна дека ДУИ ќе продолжи со целосната поддршка на медијаторот во процесот и дека очекува епилог за спорот за името што е мошно поскоро.

Ахмети рече дека очекува решение кое ќе биде прифатливо за двете страни и кое ќе придонесе за мирот и стабилноста на земјата, но и за доборото на сите граѓани.

 

извор:макфакс

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top