Четириесетгодишна Германка за само 14 минути направила пет сообраќајни несреќи и предизвикала штета од околу 45.000 евра. Жената возела автомобил во кое имало 3-годишно дете.
Таа најпрво удрила во семафор во градот Пасау додека било запалено црвеното светло, па тргнала наназад и удрила во друг автомобил. Малку подоцна удрила во возило кое било пред неа. Продолжила и повторно се удрила на семафор со возило кое било зад неа. Кратко потоа предизвикала фронтален судир по што два автомобили излетале од патот, а еден се превртел на кров.
Според првичните информации таа не била пијана ниту под дејство на дрога, а моментално се истражува дали жената била психички растроена. Во несреќата петмина се полесно повредени, а меѓу нив и жената возач и нејзината тригодишна ќерка, која моментално се наоѓа кај своите баба и дедо. Во несреќата е направена материјална штета од околу 45.000 долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.