| четврток, 6 декември 2018 |

Мајстор се бори за живот на Клиника: Заварувал во куќа во Карпош, апаратот му експлодирал

Во текот на вчерашниот ден, околу 14,45 часот во СВР-Скопје, Ј.И. пријавил дека на ул.„Бриселска“ во Карпош во куќата на неговиот сосед С.С. (92) имало експлозија и притоа бил повреден М.С. (64) кој бил работно ангажиран од сопственикот на куќата и во моментот заварувал.

Притоа во куќата избувнал оган кој бил изгаснат од страна на соседите. Повредениот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплексот Клиники “Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди (здобиени од експлозија од бренер за заварување), и бил во животна опасност.

Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот и извршен е увид.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top