| четврток, 6 декември 2018 |

Мицкоски: Нашата најголема борба е борбата за Македонија и за подобар живот

Браќа и сестри, нашата најголема борба е борбата за Македонија. Борба за подобар животен стандард, за среќни утра и насмеани луѓе, пишува на својот ФБ профил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Да се бориме сите заедно за нашата татковина, аманетот на нашите предци, советот од нашите родители и сонот на нашата генерација за економски богата, евроатлански интегрирана и земја на среќни граѓани да биде реалност. Ајде сите заедно да ја поразиме оваа тажна реалност што и се случува на Македонија, ајде сите заедно да ја испишеме иднината на нашите поколенија. Застанете со нас, заедно можеме и заедно заслужуваме повеќе. Доста е лаги, клевети, интриги, криминал, безидејност, неработа, отсуство на визија и план…, Македонија мора и заслужува повеќе…, напиша Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top