Досегашниот директор на Македонскиот народен театар, Драган Спасов Дац поднел оставка од својата функција, која е прифатена од институциите, соопшти на социјалната мрежа Фејсбук, министерот за култура, Роберт Алоѓозовски.
Причината за оставката на Дац е синоќешната сообраќајна несреќа во Кисела Вода, кога удрил во 21-годишна девојка која била префрлена веднаш во болница, без сериозни последици.
Владата денеска на прес-конференција, преку портпаролот Миле Бошњаковски, соопшти дека иако несреќата допрва ќе се истражува детално, сепак, секој кој направил тежок прекршок ќе биде разрешен и нема да извршува јавна функција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст