| четврток, 6 декември 2018 |

Дац поднел оставка, Алоѓозовски ја прифатил

Досегашниот директор на Македонскиот народен театар, Драган Спасов Дац поднел оставка од својата функција, која е прифатена од институциите, соопшти на социјалната мрежа Фејсбук, министерот за култура, Роберт Алоѓозовски.

Причината за оставката на Дац е синоќешната сообраќајна несреќа во Кисела Вода, кога удрил во 21-годишна девојка која била префрлена веднаш во болница, без сериозни последици.

Владата денеска на прес-конференција, преку портпаролот Миле Бошњаковски, соопшти дека иако несреќата допрва ќе се истражува детално, сепак, секој кој направил тежок прекршок ќе биде разрешен и нема да извршува јавна функција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top