Косовската полиција ги завршила обврските за Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, сега останува работата да ја завршат министерствата за правда, па осомничените за „Монструм“ да бидат испорачани во Македонија, изјави косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи.
-Останува министрите за правда да ја завршат работата и јас не можам да зборам во нивно име, вели Реџепи.
Македонскиот министер за правда, Блерим Беџети пред 10 дена посочи дека Министерството нема правна основа за било какви дејствија за побрза екстрадиција на двајцата осомничени на кои им се суди во отсуство за петкратното убиство кај Смиљковското езеро, лани пред Велигден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Откриена ДНК од четири лица во „омегата“ кај Смилковското Езеро
-
Скандал во македонското судство: Судот закажа 37 рочишта за уметниците, а за убијците на 5 лица само едно
-
Заштиениот сведок препозна неколкумина обвинети за „Монструм“
-
Се служите со истите финти како и претходниот судија – семејствата на убиените бурно реагираа на одложувањето на рочиштето на „Монструм“