| четврток, 6 декември 2018 |

Влатко Стефановски ќе настапи во Монако

Влатко Стефановски, еден од најголемите амбасадори на македонската музика, ќе настапи во Монако, со филхармонијата на Монте Карло на 6 овој месец. Со него ќе бидат заедно со своите стари соработници, Мирослав Тадиќ и Теодосии Спасов. Со оркестрите диригира Кристјан Јарви, еден од најбараните европски диригенти во моментов. На 11 и 12 јануари Стефановски настапи во Лајпциг и Вајмар со Симфонискиот Оркестар на МДР Лајпциг .

Турнејата со симболичен наслов  ‘Балканска треска‘ продолжува на Фламенко Фестивал во Амстердам, од каде што триото се сели во Лондон, на концерт во Барбикан Центарот со Лондонскиот Симфониски Оркестар, на 31 месецов. Планиран е и концерт во Скопје пред крајот на годинава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top