
-Мнозинството сака да направи класично силување на демократијата. Штотуку добивме порака дека имаат намера да го стават на дневен ред гласањето за потпретседатели на Парламентот, за да има кој да го менува Талат Џафери во вечерните часови и да ги води седниците – обелодени денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.
Како што кажа тој, тезите дека Собранието е пред блокада поради опозицијата и поднесените над 32.000 амандмани, се неточни бидејќи Џафери како претседател на Собранието може да ја менува динамиката и дневниот ред на седниците, па наместо да го става законот за јазици, да ги стави оние приоритетните реформски закони.
– Како што знаеме, Законот за употреба на јазиците не е приоритетен и тоа го кажа и еврокомесарот Јоханес Хан – рече Димовски.
Тој побара пауза бидејќи, како што рече, на почетокот на седницата добиле мејлови со материјали за предлогот за изборот на потпретседатели па им треба време да ги разгледаат.
Пред Џафери да даде пауза, тој одговори дека никој не спори што тие одлучиле да го бојкотираат Собранието, тоа е политика одлука, но работа на Собранието посочи собранискиот спикер, е да заседава и носи одлуки додека постојат услови тие да се легитимни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Димовски: Вице-евро-рекордери во полнење кутии на гласање, кривична одговорност мора да има!
-
Димовски му порача на Груби: Седнете вие со Џафери и гласајте сами за ДИК!
-
Димовски: Амнестијата за 27 април не е услов за избор на ДИК
-
Димовски: Жално е ова што се случува, од вечерва почнува крајот на погубните политики на Заев и неговата власт


