| четврток, 6 декември 2018 |

13 видови храна, што не треба да се чуваат во фрижидер

Постојат некои видови храни ,за кои ниските температури се несоодветни.

Кога ќе бидат оставени во фрижидерот подолго време, тие го менуваат својот вкус и хранливи квалитети.

Погледнете кои се тие:

Авокадо

Ако чувате авокадо во фрижидер, брзо почнува да ја апсорбира влагата и омекнува кората.

Компири

Компирот треба да се чува на ладно, но не и премногу ладно место. Во фрижидерот тие ќе станат непријатно слатки по вкус.

Боранија

Ако ја ставите боранијата во фрижидер, таа ќе ги изгуби своите корисни својства.

Чоколадо

На ниски температури чоколадните кристали на сахароза одат на површината за да формираат непријатна бела боја. Како резултат на тоа, чоколадото го губи својот природен вкус.

Домати

Ниските температури, исто така, влијаат на вкусот и текстурата на доматите.

Леб

Ништо не суши леб повеќе од фрижидерот. Ако имате поголема количина леб отколку што ви треба, можете да направите двопек.

Банани

Бананите во фрижидерот ќе се затемнат. Ако бананите во продавницата имаат темни дамки, тоа не значи дека се зрели, туку дека тие се несоодветно складирани за време на транспортот.

Тропско овошје

Тропско овошје брзо скапува и станува штетно кога се чува во фрижидер.

Босилек

Босилек овенува и ги апсорбира останатите миризби во фрижидерот. Најдобро да се стави во вода.

Кафе

Во секој случај, не ставајте кафе во фрижидер. Може да ги апсорбира мирисите и да го изгуби својот уникатен вкус.

Кромид

Во фрижидер, кромидот омекнува и станува несоодветен за консумација. Покрај тоа, прекумерната влага го стимулира растот на штетните бактерии.

Масло

Ако ставите масло во фрижидер, тоа ќе се згусне.

Мед

Студот и влагата ја забрзуваат кристализацијата на медот. Како резултат на тоа, брзо ќе го изгуби својот вкус и корисни супстанции.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top