| четврток, 6 декември 2018 |

Пожарот во Лисиче локализиран: Огнот ги проголта куќите на неколку семејства (фото)

Пожарникарите за кратко време успеале да го локализираат пожарот кој вечерва пред 22 часот избувнал во скопската населба Лисиче. Според првичните и се уште неофицијални информации, пожарот зафатил две куќи.

Избувнал во покривната конструкција на една барака и брзо се проширил на соседниот објект.  Брзата реакција на пожарникарите спречила огнот да се прошири на соседните куќи.

На терен се интервенира со 7 противпожарни возила. Иако може да се забележи и возило на Брза Помош, според се уште неофицијалните информации нема повредени, бидејќи луѓето кои живееле во куќите излегле кога забележале оган.

Силен звук, по кој следувал и голем пожар, вечерва ги вознемирил жителите на улицата Михаил Глинка, во близина на трговскиот центар во населбата Лисиче.

Пожарот избил околу 22 часот во куќа во која живее 8-члено смејство, со две мали деца, а ги зафатил и околните куќи

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top