Пожарникарите за кратко време успеале да го локализираат пожарот кој вечерва пред 22 часот избувнал во скопската населба Лисиче. Според првичните и се уште неофицијални информации, пожарот зафатил две куќи.
Избувнал во покривната конструкција на една барака и брзо се проширил на соседниот објект. Брзата реакција на пожарникарите спречила огнот да се прошири на соседните куќи.
На терен се интервенира со 7 противпожарни возила. Иако може да се забележи и возило на Брза Помош, според се уште неофицијалните информации нема повредени, бидејќи луѓето кои живееле во куќите излегле кога забележале оган.
Силен звук, по кој следувал и голем пожар, вечерва ги вознемирил жителите на улицата Михаил Глинка, во близина на трговскиот центар во населбата Лисиче.
Пожарот избил околу 22 часот во куќа во која живее 8-члено смејство, со две мали деца, а ги зафатил и околните куќи
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст