| четврток, 6 декември 2018 |

Италија без Балотели против „црвената фурија“

baloteli

Фудбалската репрезентација на Италија ќе биде значително ослабена во првиот полуфинален натпревар од Купот на конфедерации против селекцијата на Шпанија.

Црномурниот напаѓач на аѕурите Марио Балетели го напукна бутниот мускул на левата нога на последниот меч против Бразил.

Од штабот на репрезентацијата го потврдуваат отсуството на Супермарио за полуфиналниот меч. Ако Италија се пласира во финалето, ќе бидат направени дополнителни медицински тестови.

Добра вест за Италијанците е враќањето на теренот на Андреа Пирло и Даниеле де Роси.

Како замена за Балотели се споменува Џиљардињо, кој е едниствен класичен напаѓач во редовите на Италија.

 

 

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top