Пет члена од семејството Зулбеари од Тетово настрадаа во пожарот што утрово околу 4 часот, ја зафатил нивната куќа.
39- годишната Фатима Зулбеари и нејзините четири деца, на возраст од 4 до 13 години, не успеале да се спасат од огнената стихија која ја опожарила нивната соба, додека спиеле.
Од пламените јазици успеале да се спасат бабата и дедото на децата, кои во моментите кога се ширел пламенот, успеале да ја напуштат куќата.
Таткото на децата во моментите кога избувнал пожарот не бил во својот дом, бидејќи работел ноќна смена како чувар.
Според првичните неофицијални резултати од истрагата, најверојатно причина за пожарот е дотраената електрична инсталација, но не се отфрла можноста пожарот да бил предизвикан и од печката на дрва.
Од противпожарната единица од Тетово информираа дека на терен интервенирале со четири противпожарни возила и 13 пожарникари.
Алити истакна дека причината поради која што загинале сите пет лица кои се наоѓале на горниот кат од куќата, е тоа што опожарениот покрив паднал врз нив додека спиеле.
Увид на местото на настанот утрово извршиле и од Основното јавно обвинителство од Тетово. Телата на починатите лица уште во претпладневните часови беа однесени на обдукција во институтот за сидска медицина во Скопје, со цел целосно расветлување на случајот.
Поради трагичниот настан, денеска во Тетово беше прогласен ден на жалост.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.