| четврток, 6 декември 2018 |

Тинејџер уценувал врсничка со експлицитни слики за да остане со него, таа се обидела да се самоубие

Четириесет и седумгодишниот Х.З. од тетовско Горно Палчиште, вчера околу 13 часот пријавил уцена на неговата 19-годишна ќерка од исто така 19-годишниот М.А. од Порој, со кого била во љубовна врска.

Меѓутоа, поради тоа што врската не ја одобрувале родителите, извесно време таа била прекината, па потоа обновена.

– Пријавениот М.А. повеќе пати ја уценувал да биде со него, зашто ќе објавел нивни заеднички контраверзни фотографии, а барал и добил пари и златен накит, кој минатата година во значителен дел и го вратил, но продолжил да ја вознемирува и уценува. Завчера таа им кажала на родителите, по што испила поголема количина разновидни таблети и во безсознание била префрлена на скопските клиники, информираат од полицијата.

Деветнаесетгодишниот М.А. повикан е во Полициската станица Тетово, разговарано е со него и се расветлуваат сите поединости во врска со пријавеното.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top