| четврток, 6 декември 2018 |

Целосно гола, Парис Хилтон најави дека ќе застане на лудиот камен!

Парис Хилтон милионите следбеници на Инстаграм ги почести со гола фотогарфија со интересен коментар.

Богатата наследничка неодамна ја објави роматичната веридба со актерот Крис Зилк, а се чини дека е превозбудена поради скорешната венчавка, па со тоа постојано се фали.

Парис на Инстаграм објави фотографија на која е целосно гола, а нејзиното тело само е покриено со сребрени летни заврзани во јазли.

Во прашање е модно снимање, а интересен е коментарот кој го напишала Парис:

-Подготвена да врзам јазол.

Секако се однесува на нејзината венчавка за која датата се уште не е позната на јавноста, но како што стојат работите би можела да биде брзо. Со оглед на тоа дека за својот 21 роденден имала дури пет забави, славната богаташка изјавила дека, со оглед на тоа што се однесува до венчавката, би можела да има европска, американска и уште една свадба за луѓето од цел свет.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top