| четврток, 6 декември 2018 |

Од денес ново поскапување за еден денар: Цените на бензините за само две недели пораснаа за 10 отсто

Горивата од денеска поскапуваат за еден денар по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 , ЕУРОСУПЕР БС-98 , ЕУРОДИЗЕЛ и на Екстра лесното масло за домаќинство од полноќ се зголемуваат за 1 ден/лит.

Тоа значи дека ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 67,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 69,50 ден/лит, а ЕУРОДИЗЕЛ ќе чини 60,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 49,00 ден/лит. Ќе има и зголемување на цената на мазутот која од полноќ се зголемува на 29,906 ден/кг.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од Регулаторната комисија за енергетика ги посочуваат за 4,54 отсто повисоката просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена но и за 1,44 отсто повисокиот крус на доларот во однос на денарот.

Цените на бензините во Македонија за само 2 недели пораснаа за 10 отсто откако од 1 јануари стапи во сила зголемната акциза за дизел горивата. Тоа доведе до покачување на дизелот за 3,54 денари, а во минатата недела дизелот скокна за уште еден денар. Поскапувањата на цените на бензинот и нафтените деривати ги плаши граѓаните дека малопродажните цени на производите ќе продолжат да се качуваат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top