Свадбата на Цеца и Жељко Ражнатовиќ Аркан важи за свадба на деценијата. Предизвика многу внимание како на домашните, така и на странските медиуми, но никој не знае што морал Аркан да направи за да може да се венча со Цеца.
Имено, балканската дива Цеца се омажи за Жељко Ражнатовиќ Аркан на 19 февруари 1995 година.
Пред самата венчавка, младоженецот за склопување на бракот морал да добие благослов на црквата бидејќи од својата избраничка бил постар 21 година, а претходно бил и неколку пати женет.
Свадбата на Цеца и Жељко ја следеле две најголеми медиумски куќи во Велика Британија и Америка, БиБиСи и СиЕнЕн.
Пејачката блескала во венчаница на грчкиот дизајнер Димитриос, додека Жељко носел униформа на српски војвода од Првата свестка војна.
Вкупната сметка за свадбата излегла 100.000 марки, а ја платил пријателот на Аркан од Италија, Џовани ди Стефано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.