Поранешната сопруга на некогашниот италијански премиер Силвио Берлускони, Силивија се жалела на одлуката на судот врз основа на која и е ускратено правото на месечна алиментација од 1,4 милиони евра, пренесуваат италијанските медиуми. Таа се жали и на одлуката да врати 50 милиони евра на Берлускони кои од него ги добила кога се развела во 2014 година.
Ларио, 61 годишната поранешна сопруга, се омажила за Берлускони во 1990 година и парот има три деца. Го напуштила во 2009 година, откако е објавено дека тој се забавувал со 18 годишна девојка.
Додека живееле одвоено, но не биле разведени, Ларио добивала по 2 милиони евра месечно.
Жалбениот суд неодамна пресудил дека лица кои се разведуваат немаат право да останат толку богати како кога биле во брак и дека можат да бараат алиментација само ако не се економски зависни.
Берлускони (81) сега живее со 49 години помладата Франческа Паскале.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.