На 17.01.2018 година Р.И. (52) пријавила дека на 16.01.2018 година околу 15 часот на крстосница од ул. „Мелничка“ со ул. „Бутелски Венец“, во Скопје, таа и нејзиниот сопруг С.И. биле физички нападнати од непознато лице.
Напаѓачот со возило им го попречил патот. С.И. излегол од неговото возило и побарал лицето да го тргне возилото за да помине. Без да каже ништо, лицето најпрво со спреј со непозната содржина го испрскал неколку пати во пределот на очите, а потоа почнал да го удира со клоци и тупаници во пределот на телото и главата.
Р.И. излегла од возилото со намера да го одбрани својот сопруг, а напаѓачот и неа ја нападнал со тупаници во пределот на главата, а истовремено и неа ја испрскал со спрејот во пределот на лицето.
После тоа, напаѓачот со неговото возило побегнал во непознат правец. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.