Ноќеска во 2.30 часот од страна на полициски службеници од Гостивар приведен бил Џ.И. (23) од гостиварското село Дебреше кој бил избеган од Казнено поправна установа Затвор – Тетово, кој се барал со наредба од затворот Тетово.
Кај истиот, велат од полицијата, во возило ауди А4 со скопски регистарски ознаки биле пронајдени и одземени пиштол, шест куршуми калибар 9мм, ремен со футрола за пиштол.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.