Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната средба со амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние изјавил дека стратешка определба на Република Македонија е членство на државата во ЕУ и НАТО.
„ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија во минатото и во иднина ќе стори се во насока на остварување на овој наш стратешки интерес”, рекол Мицкоски и додал дека досега досега од владата во таа насока гледаат само деклеративни заложби, без конкретни дела.
Мицкоски, како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, го информирал Тимоние и за „политичкиот прогон кој се врши врз политичките неистомисленици, како и репресијата на слободната мисла, што е удар врз демократијата”.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ кажал и дека е загрижувачка насоката во која се движи економијата на државата и изразил сомнеж за капацитетот на властите, судејќи по економските параметри во изминатиов период, но и забрзаното задолжување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Христијан Мицкоски денеска во „Отворено“ на „Алфа“
-
Мицкоски: Ќе покренам тужба против СДСМ за клевета, но и за нарушување на мојот кредибилитет и интегритет (видео)
-
Христијан Мицкоски: Учи од вчерашниот ден, живеј за денес, надевај се за утре
-
Сомнежот во јавноста дека некој тргува со правдата и правото, говори дека нема ниту правда ниту правдина, вели Мицкоски