Ако имате болки во рамената, тоа може да укажува на проблеми со еден од најважните органи во телото!
Зглобот во рамото е еден од најподвижните, но со самото тоа и еден од најнестабилните зглобови во телото. Токму рамото најмногу го користиме на дневна основа во активности како што се: чешлање, облекување, хранење, вежбање, возење…
БОЛКА ВО ДЕСНО РАМО се јавува кај мал број болести, па затоа е важно да се разликува. Ако таа болка е последица од воспаление на мускули – доволно ќе биде да ја штедите раката неколку денови, да ја одморате и да се воздржувате од движења кои би ја инензивирале болката.
Меѓутоа, ако болката е долготрајна и трае подолго од неколку седмици или месеци – време е да побарате помош од лекар. Болка во десното рамо се јавува како последица од бурзитис, синдом на смрзнато рамо, повреда, синдром на карпален тунел и воспаление на тетивите.
БОЛКА ВО ЛЕВО РАМО може да биде предизвикана од посериозни состојби од претходно наведеното воспаление на мускули.
Луѓето кои се жалат на болки во левото рамо и лопатката, кои не престануваат ни после примени аналгетици, главно завршуваат на прием на итна помош каде многу често им се дијагностицира акутен инфаркт на срцето.
Истражувањата покажале дека колку се поголеми факторите кои предизвикуваат проблеми со срце, вклучително и висок крвен притисок, висок холестерол и дијабетес, толку е поголем процентот на болка во рамената.
Учесниците со најголем ризик фактор имале 2-6% поголеми шанси за болка во рамената во однос на оние кои ги немале тие фактори.
Покрај тоа, шансите за тендинопатија се 6 пати поголема. Учесниците во ова истражување со средно ниво од различни фактори имале помали проблеми со рамената.
Контрола на крвниот притисок и различните ризик фактори од срцеви болести – може да ја намалат болката во рамото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.