Поразите од Хрватска и Шведска над Србија во рамки на Европското првенство внеле нервоза во ракомерната репрезентација на Србија.
Со два порази и разлика во голови, српските ракометари се наоѓаат на последното место во групата А. Се чини и дека тогаш започнале тензиите во репрезентацијата.
Како што пишуваат српските медиуми, лошата игра и резултатите кулминирале со жестока расправија меѓу селекторот Јовица Цветковиќ и потпретседателот на Ракометниот сојуз на Србија Драган Шкрбиќ.
Вербалниот судир наводно, како што пишува порталот, преминал во физички, но се било решено на денешното утринско кафе.
Портпаролот на ракометната репрезентација на Србија потврдил дека имало расправија во репрезентацијата, но демантирал дека дошло до физичка пресметка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.