| четврток, 6 декември 2018 |

Македонците омилени муштерии во Загреб: Словенците доаѓаат за пет евра, нит јадат нит пијат – дајте повеќе Македонци!

Покрај одличниот резултат во натпревоарот против Словенија, голем впечаток на домаќинот на турнирот Хрватска оставија нашите навивачи.

„Фалангата“ во „Загрепска арена“ беше бројна и гласна и дефинитивно ја доби „битката“ со навивачите на Словенците, а не помалкуборјни се фановите на македонската ракоментна репрезентација и во кафулињата и баровите низ Загреб. Се испија многу литри аколхол, но немаше ниту еден инцидент.

Загрепските угостители сигурно се среќни што Македонците играат во нивниот град, бидејќи трошат многу за разлика од Словенците. Токму тоа го потврдува и еден коментар на Хрват на социјалните мрежи. Тој посака Словенците да си одат дома поради скржавост, а Македонците не штедат кога е во прашање јадењето и пиењето.

извор: sport1.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top