| четврток, 6 декември 2018 |

Во Австралија беснее грип поопасен од свинскиот – се шири и кон Европа

Во есенско-зимската сезона во Австралија, особено во месец септември, се појави пандемија на грип наречена „Калифорнија”, попозната како свински грип, а потоа означен како нов вирус – “Мичиген” (тип А), изолиран за прв пат во 2015 година, пишува бугарски „Труд”.

Во 2015 „Мичиген” се уште не беше разгорен, повеќе случаи имаше во 2016 година, па затоа и очекувањата се заразата да се шири токму сега, особено со оглед на фактот дека населението нема изграден имунитет кон овој вирус.

Се разбира, кога зборуваме за грип, изненадувањата се секогаш можни.Според податоците на Австралија, каде изминатиот период беснееја сезоните на грип, вклучувајќи го и „Мичиген”, во земјата беа регистрирани 52 смртни случаи.

Уште во текот на септември и октомври, кога почнуваат првите остри температурни промени, летните вируси се префрлаат во есенско-зимски.

Во Европа, првите сезонски грипови обично се јавуваат кон крајот на октомври и ноември, а врвот е за време на празниците и на крајот на јануари веќе настапува епидемија.

Како што информираат медиумите во Британија, речиси целата земја е зафатена од новиот вирус.

Ова особено се потенцира поради движењето на луѓето за време на празниците, па така и многу Македонци го искористија моментот да дојдат на своите родни огништа и да ги посетат своите роднини и пријатели.

Светската здравствена организација на 1 март минатата година, излезе со препораки за составот во северната хемисфера на новата вакцина против грип за претстојната сезона.

Тие се подготвени за моменталната ситуацијата во јужниот дел на светот каде беснеат вирусите, како и на база на податоци од 143 лаборатории ширум светот, кои соработуваат со СЗО.

За разлика од респираторните есенско-зимски вируси, грипот настапува со силен почеток – главоболка, висока температура, силна општа слабост и го покосува целиот организам. Кај останатите вируси клиничката слика обично е полесна и тие можат да бидат помината на нога, во рамките на 3-5 дена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top