Македонскиот пливач Горазд Чепишевски го освои седмото место во финалето на 200 метри грбно на Медитеранските игри во Мерсин, Турција.
Чепишевски, претпладне денеска обезбеди финале со државен рекорд од 2 минути, 8 секунди и 66 стотинки, а во трката за медали, забележа 15 стотинки послабо време. Горазд единствен од нашите пливачи обезбеди финале во денешната програма.
Во пливачките дисциплини настапи и Анастасија Богдановски која на 50 метри слободно имаше време од 26.94 доволно за 11. место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.