| четврток, 6 декември 2018 |

Крвава разделба во Липково: Дошле да селат домазет, го претепале шурата со пиштол

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против С.Ф. (41), О.О. (50), Ф.Ф. (37) и И.О. (59), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело насилство, информира МВР во дневниот билтен.

Во јуни минатата година пријавените со две возила пристигнале во с. Липково со цел да ги разделат личните работи на сестрата на Б.Ќ. (26) – И.Ќ. и Е.О., кој бил син на четвртопријавениот и живееле во вонбрачна заедница. Додека пријавените биле заедно пред влезната врата од куќата сопственост на О.М. с.Липково, по вербална расправија со Б.Ќ., истите физички го нападнале удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на главата и телото, додека третопријавениот му вперил пиштол, му се заканувал, а потоа и го удрил со пиштолот во пределот на главата.

Од нанесените удари Б.Ќ. се здобил со телесни повреди по главата и телото, констатирани од лекар во oпштата болница- Куманово.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top