Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Раул Гонзалез, го објави списокот на ракометари што ќе патуваат на ЕП Хрватска 2018. Шпанецот во Загреб ќе носи 19 ракометари, а од списокот отпаднаа најмладите, голманот на Металург, Мартин Томовски и бекот на Е. Работник, Горан Крстевски.
Тие остануваат на списокот на резерви и доколку има потреба, можат да бидат повикани во Загреб.
Од 19-те ракометари, на натпреварите од групната фаза во составот ќе бидат 16 играчи, па во зависност од противникот, Раул ќе го одредува составот.
Македонија на континенталното првенство е во група со Германија, Словенија и Црна Гора. Првата средба ја играме против Словенија на 13 јануари, два дена подоцна се среќаваме со Црна Гора, додека во последната средба во групата противник ќе ни биде актуелниот европски шампион, Германија.
Состав:
Голмани: Никола Митревски, Борко Ристовски, Златко Даскаловски.
Крила: Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Гоце Георгиевски, Мартин Поповски.
Пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Марковски.
Бекови: Аце Јоноски, Велко Маркоски, Филип Талески, Филип Лазаров, Немања Прибак, Филип Кузмановски, Филип Миркуловски, Кирил Лазаров и Мартин Велковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.