Не постојат две движења Беса, има само едно које работи согласно одлуките донесени на состанокот на Централниот совет во Тетово на 6 јануари годинава, изјави на денешната прес-конференција во Скопје лидерот на движењето Билал Касами.
– Апелирам до сите, ако навистина се дел од движењето Беса, да дојдат и да ги претстават кандидатурите за лидер на партијата согласно определените рокови, да направиме една здрава и демократска трка. Секој што мисли дека има мнозинство во партиските структури може слободно да се кандидира на Конгресот за да стане претседател на движењето Беса, изјави Касами.
– Нема раскол во партијата, има луѓе кои се незадоволни. Ги охрабрувам да се држат до статутарните одредби и доколку сакаат да бидат на чело на партијата треба да ги почитуваат правилата, вели Касами. Тој информираше дека на 22 декември уредно биле испратени покани до сите членови на Централниот партиски совет за средбата во Тетово при што е испочитувана и нормата членовите да бидат известени 1 недела пред настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Касами го потсетува Заев: Доби гласови од Албанците, сега одговори на нивните барања
-
Движење БЕСА на Билал Касами: Понудата на Заев за простување, ги девалвира евро-атлантските вредности
-
БЕСА бара изедначување на македонскиот и албанскиот народ: Да, во ЕУ и НАТО како Албанци, а не како процент
-
Средба Касами – Петерсен: Беса ќе придонесе за референдумот да биде успешен