| четврток, 6 декември 2018 |

Египетска статуа необјасниво ротира за 180 степени во Музејот во Манчестер (видео)

Во „Манчесретскиот музеј“ почна да се случува нешто необјасниво: египетска статуа стара 4.000 години сама се врти во витрината, стручњаците не можат тоа да го објаснат. Статуата на човекот наречен Неб-Сена е откриена во неговата гробница, за која е утврдено дека датира  1.800 години пред Христа. Старите Еѓипќани покрај мумифицираните тела на покојникот честопати ставале статуи работени според нивниот лик, верувајќи дека во случај телото да се уништи, душата може да ја користи оваа фигура како свое следно одредиште.

Меѓутоа статусата во „Манчестерскиот музеј“ престојува на истот место во истата витрина речиси 80 години, но дури сега почна да се движи и тоа точно за 180 степени.

-Забележав дека е свртена, ми беше чудно, бидејќи статуата е сместена во витрина која е затворена, а јас едниствено имам клуч од неа. Ја вратив во првобитната положба, но следниот ден повторно беше свртена. Ставивме камери да ја надгледуваат, но иако движењата може да се забележат и со голо око, забрзаната снимка јасно покажува како се одвива нејзината ротација, вели Кембел Прајс, египтолог и кустос во музејот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top