| четврток, 6 декември 2018 |

Кој го носеше најубавиот накит на „Златните глобуси“?

Црните фустани на глумиците и црните смокинзи на актерите го одбележаа годинешното издание на „Златните глобуси“ 2018 на кое се протестираше против расните нееднаквости и сексизмот. На црвениот килим видовме интересни тоалети во оваа боја, но вистински предизвик беше накитот.

Поголемиот дел од холивудските диви се определи за накит кој ќе ја „извлече“ едноличноста на црната боја, а прстените беа во центарот на вниманието.

Покрај светкавите дијаманти и циркони кои ги носеа Дакота Џонсон, Анџелина Џоли, Кајт Хадсон, посебно место зазеде зелениот смарагд за кого се опредилија Кетрин Зета Џонс и Дебра Месинг.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top