| четврток, 6 декември 2018 |

Кои беа трите жени кои не носеа црно на „Златните глобуси“?

На последното доделување на наградите „Златен Глобус“ речиси сите присутни се појавиjа во црни фустани, во знак на протест против сексуалното злоставување во филмската индустрија од страна на Харви Вајнштајн.

Во знак на револт, на актерките им се придружија и дел од нивните колеги облечени во црни смокинзи и со тоа дадоа да знаење дека ги поддржуваат во целта.

Сепак три жени не носеа црно на свечената церемонија на доделување на наградите.

Барбара Мајер

31-годишниот модел се појави на Златните Глобуси во раскошен фустан во комбинација на сиви, сини, бели и розови нијанси, надополнети со светки, а значително се истакна покрај едноставните црни фустани.

Бланка Бланко

36-годишната актерка се појави во црвен долг фустан. Таа не само што се истакна со бојата на фустанот, туку и со разголените делови кај деколтето и високиот шлиц.

Мехер Татна

Многумина се изненадени од нејзиниот избор на боја за аутфитот, но сепак постојат мислења дека претседателот на Здружението за холивудски странски новинари, ја одбрала оваа боја, бидејќи сака да оддаде почит на Индија, а таму „црвената е нашата црна“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top