Синоќа во охридското село Велогашти била извршена кражба, информираат од МВР.
Според полицијата, во периодот од 22.00 часот на 07.01.2018 до 01.00 часот на 08.01.2018 година, во куќа на ул. „Манастирска“ во с.Велгошти, охридско, сопственост на М.Л., непознат маскиран сторител извршил разбојничка кражба. Сторителот со подесен алат влегол во куќата и во моментот кога бил во спалната соба бил затекнат од сопственичката М.Л. Во тој момент сторителот ја нападнал М.Л. Тој ја влечел за коса и и упатувал закани. Откако успел да стави неколку предмети по џебовите побегнал во непознат правец.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.