| четврток, 6 декември 2018 |

Ливерпул добро заработи: Ги платија 40, а на нив заработија 264 милиони евра

Откако синоќа беше поврдено дена еден од најдобите фудбалери на Ливерпул, Бразилецот Филипе Кутињо потпишал за Барселона, денеска бртанскате медиуми објавија интересен податок за некогашното трио од овој клуб.

Поранешниот напаѓач на „цврените“, Луис Суарез е во Барселона веќе три и пол години, година дена подоцна си замина и офанзивниот играч за врска, Рахим Стерлинг, а сега истото го направи и Кутињо. Во Ливерпул сите тројца стигнаа за значително помали суми од кои што беа продадени.

Суарез го чинеше Ливерпул 26.5 милиони евра, кога тој стигне од Ајакс, за Кутињо пак Интер доби 13 милиони, додека пак за тогаш 16 годишниот фудбалер, Ливерпул му исплати само 700.000 фунти на Квинс Парк Ренџерс. Се заедно, ова трио го чинеше Ливерпул нешто повеќе од 40 милиони евра.

Но колку заработи Ливерпул од овие тројца одлични фудбалери. Фиксната отштета за Кутињо е 120 милиони евра, но се верува дека тој износ ќе се зголеми до цели 160, со оглед на тоа дека е евидентно дека тие дополнителни бонуси се лесни за реализација. Барселона го плати Суарез 81.72 милиони евра, додека Манчестер Сити за Стерлинг издвои 62.5 милиони. Се заедно тоа е 304.22 милиони евра. Тоа пак значи дека „црвените” заработиле „чисти” 264 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top