По интервенција на противпожарните возила е локализиран пожарот што утрово избувнал од стан на улицата Даме Груев, позади Собрание. Неофицијално, станар сам си со запалил станот а станарите од зградата за „Макфакс“ изјавија дека подолго време имале проблем со тој станар и неделава неколкупати го пријавувале. Станарот на опожарениот стан е изнесен и моментно се наоѓа во полициска станица, а еден пожарникар побарал медицинска помош.
Еден од станарите на петтиот кат се жали дека од чадот не може да излезе со неговата сопруга и дека не го евакуирале.
Пред зградата имаше три противпожарни, две медицински возила и полиција.
Останатите станови не се зафатени од пожарот а во ходниците имало чад и станарите излегле надвор. Во склоп на зградата има банки, но и други локали, кои не се опожарени и немаат штета.
Извор: Макфакс
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


