| четврток, 6 декември 2018 |

Локализиран пожарот кај Собрание, станарот однесен во полициска станица

По интервенција на противпожарните возила е локализиран пожарот што утрово избувнал од стан на улицата Даме Груев, позади Собрание. Неофицијално, станар сам си со запалил станот а станарите од зградата за „Макфакс“ изјавија дека подолго време имале проблем со тој станар и неделава неколкупати го пријавувале. Станарот на опожарениот стан е изнесен и моментно се наоѓа во полициска станица,  а еден пожарникар побарал медицинска помош.

Еден од станарите на петтиот кат се жали дека од чадот не може да излезе со неговата сопруга и дека не го евакуирале.

Пред зградата имаше три противпожарни, две медицински возила и полиција.

Останатите станови не се зафатени од пожарот а во ходниците имало чад и станарите излегле надвор. Во склоп на зградата има банки, но и други локали, кои не се опожарени и немаат штета.

Извор: Макфакс

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top