| четврток, 6 декември 2018 |

Битката во Арачиново – 12 години подоцна

На овој ден пред точно 12 години Атанас Јанев, Никола Пехчевски и Александар Стојчев, припадници на македонските вооружени сили, загинаа во офанзивата во Арачиново со цел да се заземе селото кое на 9 јуни 2001 година беше прогласено за слободна територија од страна на тогашната ОНА под водство на Џезаир Шаќири. Тешко ранетиот Оливер Китановски почина во болница шест дена подоцна.

Неколку дена откако македонските бранители влегоа во Арачиново, со одлука на државниот врв и претставниците на НАТО и ОБСЕ беше донесена одлука да се повлече македонската војска, а припадниците на ОНА беа евакуирани од Арачиново со автобуси под покровителство на НАТО.
Оваа одлука предизвика револт кај граѓаните, по што се организираа масовни протести со нереди пред Собранието.

Претставници на политичката партија „Достоинство“ и членови на здруженија на бранители денеска ќе го одбележат овој ден.

Ќе биде положено цвеќе пред споменикот на бранителите во паркот „Жена борец“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top