| четврток, 6 декември 2018 |

Чавушоглу: Преку дијалог и соработка ќе се решат проблемите со Германија

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави денеска дека се согласува со својот германски колега Зигмар Габриел дека е потребно „проблемите и несогласувањата“ со Германија да се решат по пат на дијалог и соработка.
Шефот на германската дипломатија се согласува со Чавушоглу дека треба да се направи се што е потребно за да се подобрат односите меѓу Берлин и Анкара, кои во претходниот период се влошени поради големиот број несогласувања.
Турскиот министер вчера предупреди дека сака да гради мостови на пријателство со Германија, која е најголемиот трговски партнер на Турција и важен НАТО сојузник.
Двете земји во претходниот период имаа низа несогласувања, меѓу кои и оние во врска со големите апсења во Анкара на осомничени за учество во неуспешниот преврат во Турција во
2016 година, како и за апсењето на германско-турскиот новинар Дениз Јуџел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top