После скоро пет години негативни каматни стапки, данските домаќинства се побогати од било кога, ако се суди по податокот дека штедењето на граѓните во Данска во декември минатата година достигна рекордно ниво, известува агенцијата Блумберг.
Со вишокот пари со кои незнаат што ќе прават, Данците ги „клукаат” банките кои се преполни со штедни сметки, па така земјата има рекордно банкарско штедење, пишува њујоршката агенција. Данците имале импресивен раст на реални плати, рекол во телефонската изјава за Блумберг, главниот економист на Никредити, Торе Страмер.
Негативните камати, коинцидирале со траен раст на вработеноста и што е поважно со голем раст на станбениот пазар, рекол тој, додавајќи дека банките се воздржале од воведување на негативните камати за граѓаните. Стармер проценува дека ако вкупниот износ на заштеди се подели по бројот на жители, секој маж, жена, дете и новороденче во Данска имаат заштедено по 21.000 долари.
Инаку, иако една од најдемократските држави во светот и земја во која социјалната сигурност и правда се врвен приоритет, Данска е монархија и на хартија изгледа како држава уредена според правила од пред сто години, формално под власт на кралот и пратениите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.