| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватите „плачат“ за македонски овчари, нудат плата од 1.000 евра

Хрватските млекари се закануваат дека ќе го затворат бизнисот ако Владата не им дозволи да вработуваат овчари од регионот, а најбарани се македонските. За оваа работа во Хрватска се нуди 1.000 евра плата, плус сместување и храна, но на огласите никој не се јавува.

Ако не ја зголемиме квотата за странски работници за оваа дејност пропаднавме, се жалат хрватските млекари.

– Во Хрватска има 7.000 млекари и неможам да разберам зашто ни дале само 35 квоти. Во оваа дејност тешко е да се најадт работници од надвор, а не па од Хрватска -вели еден хрватски млекар.

Затоа хрватските работодавачи бараат да се воведе словенечкиот систем за вработување на странски работници.

– Ако вие како работодавач се јавите во словенечката агенција за вработување и барате 5 овчари, тогаш тие имаат рок од пет дена да ви најдат лице кое е словенечки државјанин. Доколку не ви најдат таков работник, вие автоматски имате дозвола да вработите странец – објаснуваат од Хрватско здружение на работодавачи.

Инаку во Хрватска најмногу се бараат македонски овчари, кои исто така се на листата на најбарани и во Италија и во Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top