| четврток, 6 декември 2018 |

Никола Којо очекува близнаци

Познатиот српски актер и сопругата веќе ја имаат петгодишната Ана, а во септември повторно ќе станат родители. Овој пат 36-годишната Александра, на својот 10 години постар сопруг ќе му роди близначиња – девојчиња.

– Никола и Александра се пресреќни. Оваа бременост се случила потполно неочекувано и многу им е мило што ќе добијат близначки. Кога Александра му соопштила на Никола дека е бремена, тој многу се израдувал. Таа сега е во шестиот месец од бременоста, која одлично ја поднесува. Никола и помага во се што треба и обврските кои ги има околу неа за него се задоволство – изјавил извор близок на актерот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top