Храната во Македонија е дури 70% поевтина од најскапата земја за живеење во Европа, Норвешка. И швеѓаните се најдоа на врвот на листата на најскап живот во последното истражување на Европската Унија, каде Македонија пак убедливо се најде на дното.
Покрај храната, кај нас се најевтини и цигарите, поевтини за 3% дури и од Албанија, а 10 пати поевтини од нивната цена во Норвешка.
Единствено за месо плаќаме 2 посто повеќе од албанците, додека пак животот во Србија е околу 10% поскап.
Во евтин алкохол пак, кој кај нас е 35 проценти поевтин од просекот, ни парираат само Бугарите, иако кај нив е поскап за 2 посто.
Според истражувањето, помеѓу поголемите економии, Шпанија со отприлика 10% поевтин живот од европскиот просек ја има најдобрата вредност на парите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.