| четврток, 6 декември 2018 |

Низ цело Скопје се пуши, што е ова побогу? Се погласни реакции на социјалните мрежи

Се погласни се реакциите на социјалните мрежи дека законот за пушење веќе никаде не се почитува.

“-Ало VladaMK и SDSMakedonija апелирам до вас да не го уништувате единствениот добар закон од ВМРО, Законот за пушење. Низ цело Скопје се пуши, што е ова побогу?? Пушач сум, па не сакам во дим да седам!”

Ова е само еден од многуте апели на граѓани до властите да се спроведе построга контрола во локалите, со констатација дека ова е можеби еден од ретките добри закони на претходната власт.

Владата пред околу два месеци најави дека ќе поднесе предлог за блага либерализација на актуелниот закон за пушење, што во никој случај не значеше дека тој целосно ќе се укине.

Изминете би се однесувале пред сè во правилно толкување на законот, односно доследно прецизирање и почитување на одредбите, како треба да бидат концепирани деловите од рестораните и кафетериите во кои се пуши.

Беше напоменато дека, во објектите во кои се служи храна, во никој случај нема да смее да се пуши!

 

извор: galama.club

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top