На 01.01.2018 година во 3 часот утрината, 24-годишниот Ф.Д. од Марино дошол во угостителски објект во населба Илинден-Скопје каде имало приватна забава, но откако не му било дозволено да влезе, Ф.Д. започнал да се однесува агресивно.
Од полиција информираат дека прво имало кратка вербална расправија, помеѓу него и 16-годишниот М.А.и 26-годишниот Б.Ѓ. од населба Илинден и 17-годишниот В.М. и 18-годишниот Д.М. од село Марино, по што следувала тепачка.
После тепачката, 42-годишниот Д.Б., сопственик на угостителскиот објект, физички го нападнал Ф.Д.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.