| четврток, 6 декември 2018 |

Девојка преку оглас бара момче за дочек на Новата Година, таа плаќа се

Девојка од Босна и Херцеговина постави оглас на сајтот „Продажба и купување“ во кој наведува дека бара момче со кое би ја поминала новогодишната ноќ во Тузла. Во огласот пишува дека млада и атрактивна девојка, бара момче со кое би ја дочекала 2014 година. Со кус опис, поставила и своја фотографија.

Таа наведе дека со избраниот кандидат би ја поминале ноќта во еден клуб во Тузла, каде момчето не би имало никакви финансиски трошоци.

Единствено што побара е момчето да не биде постаро од 25 години.

– Изгледам добро, што потврдувам и со фотографијата која ја приложувам. Ве молам да не поставувате глупави прашања, пишува во огласот.

Огласот без објаснувања бил избришан, а останува прашањето дали девојката пронајде момче за налудата ноќ или станува збор за злоупотреба на огласниот простор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top