По назначувањето на Дејвид Мојс за тренер, екипата на Вест Хем почна да покажува „знаци на живот“ и конечно е надвор од зоната за испаѓање.
Како што пренесуваат англиските медиуми, Дејвид Мојс во јануарскиот преоден рок планира да го засили својот тим, со цел Вест Хем да се пробие кон средината на табелата.
Првото засилување на Вест Хем би можел да биде Андре Шурле кон не добива скоро никаква минутажа во Борусија Дортмунд и се наоѓа на излезните врати од германскиот клуб. Мојс наводно им дал зелено светло на луѓето од управата на Вест Хем за ангажман на Германецот, па голема е веројатноста веќе на почетокот од идната година 27-годишниот Шурле да го видиме во дресот на лондонскиот клуб.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.