Напаѓачот на Тотенхем, Хери Кејн не е помеѓу најплатените фудбалери во Премиерлигата. Иако е еден од најдобрите голгетери изминатите неколку сезони има над 30 фудбалери кои се поплатени од него.
Белгиецот Кристијан Бентеке заработува 120.000 фунти неделно, додека Кејн заработува 10.000 фунти помалку. Во изминатите две и пол сезони Белгиецот вкупно постигнал 26 голови во Премирелигата, додека Кејн само оваа полусезона има 19 голови.
Најплатени фудбалери во Премиерлигата се Пол Погба со 290.000 фунти неделна плата и Ромелу Лукаку со 250.000 фунти. Потоа следуваат Серхио Агуеро и Јаја Туре со по 220.000 фунти, а истата плата ја има и Златан Ибрахимовиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тотенхем супериорен над Бурнемаут и стигна на само четири бода од лидерот Челси (видео)
-
Голем пех за Тотенхем, Хари Кејн ги повреди лигаментите и го чека долга пауза
-
Хари Кејн сам го одведе Тотенхем во четвртфиналето од ФА купот (видео)
-
Минимална победа на Тотенхем, Кејн од пенал го сруши Мидлсборо (видео)