Разбојници вчера во два наврата ограбиле граѓани кои се шетале по улица. Вчераутро настрадал прилепчанка, која била турната на земја и ограбена и уште една скопјанка на кој од врат и било грабнато златното ланче.
МВР соопшти дека 2,30 часот, во Скопје на улица Лазар Личеновски две непознати лица извршиле разбојништво над А.Ц. (27) од Прилеп, при што и одзеле лична карта на нејзино име, мобилен телефон и 3.000 денари. Сторителите и пришле на А.Ц. и ги побарале парите, а откако се спротиставила, ја турнале на земја и ги одзеле горенаведените предмети и пари, а потоа со автомобил заминале во непознат правец. Сторителите притоа на А.Ц. и нанеле видливи повреди на левата подлактица. Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.
Околуо 15,20 часот, во Скопје на улица Ленинградска непознат сторител извршил тешка кражба на дрзок начин над Л.П. (54) од Скопје, при што и одзел златно синџирче, со што и причинил материјална штета од околу 10.000 денари. Тешката кражба сторителот ја извршил на тој начин што и пришол на Л.П. од зад грб и со рака го скинал и одзел синџирчето од вратот и побегнал. ПС-Центар превзема мерки за пронаоѓање на сторителот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



